Општина Новаци ги информира граѓаните дека на 24.04.2026 (петок), екипи на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола ќе започнат со прва фаза од превентивна систематска дератизација, односно поставување на отровни мамци за уништување на глодари.
Активностите на терен ќе бидат јасно обележани и обезбедени со предупредувачки знаци.
Апел до граѓаните:
Со цел безбедно и успешно спроведување на дератизацијата, ве молиме:
• Да им овозможите непречен пристап на екипите до шахтите
• Да не се приближувате до обележаните места каде се врши дератизација
•
Да не ги допирате, преместувате или отстранувате поставените мамци
• Да спречите контакт на домашни животни и миленици со мамците
• Да не го расфрлате отпадот надвор од контејнерите
• При појава на мртви глодари – не ги допирајте, туку пријавете во Центарот за јавно здравје – Битола
Напомена:
Доколку не се почитуваат овие мерки, Центарот за јавно здравје – Битола се оградува од евентуални несакани последици.
Во случај на дожд, активностите ќе бидат одложени за следниот работен ден.
Контакт телефон: 047 / 208 – 100
Извор: Општина Новаци