Денес за големиот христијански празник Петровден исто така го посетив и манастирот „Св. Петар и Павле“ во близина на село Рапеш и на осветувањето на крстот во с. Гермијан.
Овој значаен духовен симбол е изграден со средства обезбедени од Општина Новаци и ФОД – Новаци, како резултат на заедничката посветеност за унапредување на духовниот и културниот живот во нашата општина.
Крстот претставува симбол на верата, заедништвото и традицијата, а неговото осветување е значаен момент за жителите на Гермијан и за целата општина.
Благодарност до сите кои дадоа придонес во реализацијата на овој проект и до сите присутни кои со своето присуство го збогатија овој свечен чин.
Нека овој крст биде вечен симбол на мирот, благосостојбата и духовната сила на нашето население..
Нека е за многу години
Извор: Општина Новаци