Го отворивме четиринаесеттиот по ред меморијален турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“, спортска манифестација која веќе традиционално ги обединува љубителите на спортот, дружењето и фер-плејот.
Овој турнир претставува повеќе од спортски настан, тој е симбол на почит и сеќавање на прерано загинатиот војник Пеце Матичевски. Преку спортот го чуваме споменот на човек кој остави значаен белег во нашата Македонија.
Им посакувам успешни натпревари на сите учесници, фер и спортска игра, а на посетителите пријатни моменти исполнети со позитивна енергија и навивање.
Извор: Општина Новаци