Новаци: Отворен е Фестивалот на жетвата Новаци 2026

објавено во Општински вести | 0
Новаци: Отворен е Фестивалот на жетвата Новаци 2026

Во одлична атмосфера, убава забава и многу насмеани и задоволни посетители и гости синоќа заедно со министерот за земјоделство, Борче Серафимовски го отворивме петтото јубилејно издание на „Фестивалот на жетвата Новаци 2026“ .
Вечерва повторно ве очекуваме бидејќи имаме убава културно уметничка програма која започнува со водените лудории на Кловнот Заги и урнебесна забава на замоците на дување за најмладите. Продолжуваме со музичка вечер со Група Фаворити, Татјана Стефановска и Благојче Стојановски – Туше, кои ќе се погрижат за незаборавна атмосфера.
Во 22:30 часот ќе се одржи извлекување и доделување на вредните награди од наградната игра подготвена од компаниите кои ги изложуваат своите производи на Фестивалот на жетвата а кои се наши долгогодишни поддржувачи и партнери.
Ве очекуваме повторно заедно да ја прославиме традицијата, плодната жетва и заедништвото.


Извор: Општина Новаци