Новаци: Општина Новаци ќе биде дел од проектот ,,Зајакнување на општинските совети”

објавено во Општински вести | 0
Општина Новаци ќе биде дел од имплементацијата на еден значаен проект ,,Зајакнување на општинските совети” кој е насочен кон унапредување на работата на општинските совети, зголемување на транспарентноста и зајакнување на соработката помеѓу локалната самоуправа и граѓаните.
Денес, заедно со претседателот на Советот на Општина Новаци,
Ilce Trajkovski
, присуствувавме на иницијалната координативна средба со партнетските општини, со што и официјално започна нашето учество во проектот.
Уверен сум дека преку оваа соработка ќе придонесеме кон создавање поефикасна, отчетна и современа локална самоуправа – вистински сервис во интерес на граѓаните. Зајакнувањето на капацитетите на Советот и унапредувањето на процесот на донесување одлуки се клучни за понатамошниот развој на Општина Новаци.
Продолжуваме посветено и одговорно да работиме за доброто на сите граѓани и за напредокот на нашата општина.
Проектот го спроведува УНДП, МЛС, ЗЕЛС, и SDC.
#ОпштинаНоваци
#ЛокалнаСамоуправа
#ОпштинскиСовети
#Транспарентност
#Развој
#Соработка


Извор: Општина Новаци