Твојата идеја може да стане реалност!
Општина Новаци ги поканува сите граѓани да земат активно учество на првата форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“.
14 јули 2026 година (вторник)
12:00 часот
Општинска сала – Новаци
Форумите во заедницата се можност заеднички да ги предложиме, разработиме и избереме најважните проекти што ќе придонесат за подобар квалитет на живот во Општина Новаци.
Еден од проектите избрани од граѓаните ќе може да добие финансиска поддршка до 15.000 американски долари (USD), а Општина Новаци ќе обезбеди кофинансирање согласно правилата на програмата во висина од 20%.
Главната тема на форумскиот процес е социјалната инклузија, со можност за предлагање проекти од различни области од јавен интерес кои создаваат еднакви можности, поттикнуваат партнерство и носат долгорочни придобивки за нашата заедница.
Вашето мислење е важно.
Вашата идеја може да направи промена.
Вашето учество е клучно!
Ве очекуваме!
Извор: Општина Новаци