Новаци: ОПШТИНА НОВАЦИ ОРГАНИЗИРА ВТОРА ФОРУМСКА СЕСИЈА

објавено во Општински вести | 0
Новаци: ОПШТИНА НОВАЦИ ОРГАНИЗИРА ВТОРА ФОРУМСКА СЕСИЈА

Општина Новаци ги информира граѓаните и сите заинтересирани учесници дека на 28 јули 2026 година (вторник) ќе се одржи втората форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“.
Место: Општинска сала, Општина Новаци
Почеток: 12:00 часот
На втората форумска сесија ќе се направи преглед на работата од првата сесија и активностите реализирани во периодот меѓу двете сесии. Ќе бидат презентирани критериумите за избор на проекти, како и предложените проектни концепти развиени од работните групи.
Во рамките на сесијата ќе се разговара за предложените концепти, ќе се разгледа нивното прифаќање од страна на форумот и ќе продолжи работата на работните групи за развивање на предлог-проектите.
Учесниците ќе бидат запознаени и со форматот за подготовка на предлог-проект, а ќе биде определен и терминот за следната форумска сесија.
Ве покануваме да бидете дел од процесот во кој преку заеднички идеи, дискусија и активно учество се креираат решенија за подобра и поинклузивна локална заедница.
@Embassy of Switzerland in North Macedonia
@Министерство за локална самоуправа
@UNDPMK


Извор: Општина Новаци