Новаци: Одбележaна 25-годишнината од загинувањето на Пеце Матичевски

објавено во Општински вести | 0
Новаци: Одбележaна 25-годишнината од загинувањето на Пеце Матичевски

По повод одбележувањето на 25-годишнината од загинувањето на бранителите Влатко Миленковски, Пеце Матичевски и Благојче Силјановски, денес оддадовме почит на нивната жртва и херојство.
Заедно со семејствата, соборците, претставници на институциите и граѓани, положивме свежо цвеќе на вечното почивалиште на Пеце Матичевски во Новаци, а потоа и на споменикот „Ангел“ кај Саат-кулата во Битола, изграден во нивна чест и спомен.
Со длабока почит се сеќаваме на нивната храброст, пожртвуваност и љубов кон татковината. Нивната жртва е вградена во темелите на нашата држава и останува траен аманет за сегашните и идните генерации.
Вечна слава и благодарност на нашите херои!


Извор: Општина Новаци