Новаци: Министерот Перински на состанок со администрацијата и советот на Општина Новаци

објавено во Општински вести | 0
Новаци: Министерот Перински на состанок со администрацијата и советот на Општина Новаци

Покрај обемната агенда, денес одржавме краток работен состанок со министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со советниците и вработените во општинската администрација.
На состанокот разговаравме за тековните проекти, предизвиците со кои се соочуваме, како и за идните планови за развој на општината.
Преку заедничка работа, добра координација и посветеност, продолжуваме да создаваме подобри услови за живот за сите граѓани.
Беше одржанасредба со градоначалникот, членовите на Советот и општинската администрација, на која се разговараше за тековните активности и секојдневните предизвици со кои се соочува општината, како и за можностите за нивно надминување преку заедничка соработка и поддршка.
Преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година, во Општина Новаци се финансираат три проекти во вредност од 8.414.556 денари,
Во рамки на Инрегег ИПА Програмата со Република Грција се имплементира Проектот TOUR-HUB – Дигитално унапредување на културното наследство и туризмот, во вредност од 342.542. евра.
Како дел од двата јавни повика за финансирање на проекти во капитална инфраструктура, во Новаци се имплементираат два проекти во кумулативна вредност од 29.119.020 денари.


Извор: Општина Новаци