Општина Новаци ги информира жителите, а особено семејствата и лицата кои се наоѓаат во социјален ризик, за правата, услугите и мерките што им се достапни во областа на социјалната заштита преку ЈУМ Центар за социјална работа – Битола. Истовремено, граѓаните се информираат и за активните програми, обуки и мерки за вработување што ги спроведува АВРСМ – Центар за вработување Битола, како и за можностите за нивно работно ангажирање и подобрување на нивната економска состојба. Целта е навремено информирање и олеснет пристап до достапните услуги и мерки, со што ќе се обезбеди поголема социјална вклученост, подобар квалитет на живот и поголеми можности за вработување на граѓаните.
Напомена: *Овие постери се изработени во рамките на проектот на Советот за социјална заштита при Општина Битола, во соработка со Здружението за спортски активности „Европски развој за сите“. Графичкиот дизајн и визуелното решение се авторско дело на Здружението за спортски активности „Европски развој за сите“ и се заштитени со авторско право. Неовластено користење, копирање или изменување на дизајнот без претходна писмена согласност од здружението не е дозволено. Содржината е изработена врз основа на официјални информации обезбедени од надлежните институции и е точна согласно официјално достапните податоци во моментот на изработката.
Извор: Општина Новаци