Новаци: Завршен настан од проектот „Земјоделство безбедно од пожари во Општина Новаци“

објавено во Општински вести | 0
Денес се одржа завршниот настан од проектот „Земјоделство безбедно од пожари во Општина Новаци“
На настанот присуствуваа претставници од локалната самоуправа, институции, организации, земјоделци и партнери кои активно учествуваа во реализацијата на проектот.
Во своето обраќање истакнав дека превенцијата и заштитата од пожари се од огромно значење за зачувување на земјоделските површини, животната средина и безбедноста на граѓаните.
Во рамките на проектот беа реализирани: неколку едукативни работилници за земјоделците, показни вежби за превенција и справување со пожари,  активности за подигнување на јавната свест и  акција за пошумување со околу 1100 садници од јавор, питом и див костен и евла кај спортско-рекреативната патека во Новаци.
Дополнително, најавено е продолжување на активностите со засадување дрвја на улиците кои водат кон новата Индустриска зона во Новаци.
На настанот беа презентирани и резултатите од повеќе проекти поврзани со управување со пожари, зајакнување на локалните капацитети и заштита на животната средина.
Голема благодарност до Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ), Владата на Швајцарија, партнерските организации, институциите, земјоделците и сите учесници кои дадоа придонес за успешна реализација на проектот.
Општина Новаци продолжува активно да работи на проекти за заштита на природата, безбедноста на граѓаните и развој на земјоделството.


Извор: Општина Новаци