Новаци: Доделена опрема на ЈКП Комунална хигиена Новаци

објавено во Општински вести | 0
Денес беше одржан настан на кој беше презентирана и доделена нова опрема за управување со отпад на комуналните претпријатија од 18 општини од Пелагонискиот и
Југозападниот регион, во рамки на Регионалниот проект за управување со цврст отпад, поддржан од ЕБОР и Министерството за животна средина и просторно планирање.
Ова е регионален чекор кон почиста животна средина во Пелагонискиот и Југозападниот регион на Македонија.
На настанот беше изложен дел од опремата – специјализирани возила, контејнери и канти – кои значително ќе го унапредат системот за собирање отпад и квалитетот на комуналните услуги.
Градоначалникот на Општина Новаци
Стевче Стевановски
како претседател на Одборот за управување со отпад истакна:
„Ова не е само инвестиција во опрема, туку во почиста животна средина, подобар квалитет на живот и силна регионална соработка. Новаци е партнер во национална реформа која носи долгорочни резултати за сите граѓани“ – истакна градоначалникот Стевановски.
Заедно градиме поефикасен систем и почиста иднина.


Извор: Општина Новаци