Новаци: ДЕНЕС ВО ОПШТИНА НОВАЦИ СЕ ОДРЖА ВТОРАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

објавено во Општински вести | 0
Новаци: ДЕНЕС ВО ОПШТИНА НОВАЦИ СЕ ОДРЖА ВТОРАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

Седницата се реализираше во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, на која беа разгледани актуелни прашања и активности поврзани со регионалниот развој и идните приоритети на регионот.
На седницата се дискутираше за тековните проекти, стратешките насоки и можностите за понатамошна соработка помеѓу општините во Пелагонискиот регион, можностите за аплицирање на нови проекти во актуелниот повик на Бирото за регионален развој, како и за приоритетите за унапредување на инфраструктурата и економскиот развој на регионот.
Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион упатува благодарност до сите учесници за нивното присуство и конструктивниот придонес.


Извор: Општина Новаци