Новаци: АКЦИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕ И РЕВЕГЕТАЦИЈА ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

објавено во Општински вести | 0
Согласно Планот за ревегетација, изработен во рамки на проектот „Reconstruction of a part of the street network for v. Novaci“, Општина Новаци заедно со ЈКП „Комунална хигиена“ спроведе акција за повторно озеленување на просторот по завршување на градежните работи на улица 1 и улица 2 во непосредна близина на Индустриската зона во Новаци.
Проектотот опфати реконструкција на дел од уличната мрежа во должина од 990 метри, на потегот од пошта до „Златен Клас“ и до крајот на каналот во село Новаци, при што во текот на реализацијата, врз основа на биодиверзитетска проверка и теренска инспекција, беше утврдена потреба од отстранување на вкупно 45 дрвја од различни видови, со цел непречена реализација на инфраструктурните активности.
Со цел зачувување на еколошката рамнотежа, Планот за ревегетација предвидуваше компензација во сооднос 1:3, односно засадување на вкупно 135 нови дрвја долж реконструираните улици.
Како најсоодветен вид за пошумување е избрана туја (Thuja / Juniperus), поради нејзината прилагодливост на локалните климатски услови, лесно одржување и висока декоративна вредност.
Со реализацијата на оваа активност, Општина Новаци ќе обезбеди:
надоместување на отстранетото зеленило
подобрување на квалитетот на животната средина
уредување и естетско унапредување на јавниот простор
одржлив урбан развој
Општина Новаци продолжува посветено да инвестира во зелени и одржливи решенија за подобра животна средина за сите граѓани.


Извор: Општина Новаци