Неготино (Вести): С О О П Ш Т Е Н И Е за јавен увид за УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИНФРАСТРУКТУРА – Нов 10(20) kV кабелски вод низ КО Неготино, КО Криволак, КО Пепелиште – Општина Неготино24/04/2026|Урбанизам|adminВрз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко…Read More→С О О П Ш Т Е Н И Е за јавен увид за УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИНФРАСТРУКТУРА – Нов 10(20) kV кабелски вод низ КО Неготино, КО Криволак, КО Пепелиште – Општина Неготино

објавено во Општински вести | 0
24/04/2026|Урбанизам|admin

Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2026 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:

за јавен увид заУРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНЗА ИНФРАСТРУКТУРА – Нов 10(20) kV кабелски вод низ КО Неготино, КО Криволак,КО Пепелиште – Општина Неготино

Просторот дефиниран за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8–водови за пренос на електрична енергија, минува низ делови од КП бр.1072/2, КП бр.1072/1, КП бр.4215, КП бр.4170/2, КП бр.1071 (КО Неготино), КП бр.741, КП бр.760/1 (КО Криволак), КП бр.2248/1, КП бр.1546, КП бр.1547, КП бр.1545, КП бр.1544, КП бр.2226, КП бр.2224/3, КП бр.2188, КП бр.1424 (КО Пепелиште) – Општина Неготино.Површината на проектниот опфат изнесува 1375.85 м2 или 0.1 ха. Предметниот проектен опфат географски припаѓа на Општина Неготино.Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 27.04.2026 до 11.05.2026 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.

Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.

0302-39-24 UP KEC Kavadarci – Zdenka (SN podzemen)_compressed


Извор: Општина Неготино