Неготино (Вести): Со 29.603.854 денари се реализираат градежни работи во УЗ 5, УБ 5,112/01/2026|Новости|adminВо тек е реализацијата на втората фаза од проектот за…Read More→Со 29.603.854 денари се реализираат градежни работи во УЗ 5, УБ 5,1

објавено во Општински вести | 0
Неготино (Вести): Со 29.603.854 денари се реализираат градежни работи во УЗ 5, УБ 5,112/01/2026|Новости|adminВо тек е реализацијата на втората фаза од проектот за...Read More→Со 29.603.854 денари се реализираат градежни работи во УЗ 5, УБ 5,1

12/01/2026|Новости|admin

Во тек е реализацијата на втората фаза од проектот за изградба на урбана заедница 5, урбан блок 5.1 во Неготино, кој претставува значаен инфраструктурен зафат за градот. Со овој проект се пробиваат и уредуваат нови улици со вкупна должина од 550 метри, како и поставување на водоводна линија, атмосферска и фекална канализација. Овие активности овозможуваат целосна модернизација на комуналната инфраструктура и создавање на современи услови за живеење.

Инвестицијата изнесува 29.603.854 денари и е целосно финансирана од Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски. Со реализацијата на проектот, жителите на ова подрачје ќе добијат функционална и добро поврзана урбана заедница со сообраќајна, водоводна и канализациона мрежа, што ќе овозможи зголемена вредност на недвижностите и развој на нови содржини.

Овој проект има долгорочно значење за развојот на Неготино бидејќи покрај подобрувањето на инфраструктурата, придонесува за рамномерен урбан развој, зголемена безбедност и унапредување на квалитетот на живот на жителите. Урбаната заедница 5 ќе стане пример за современо и одржливо уреден станбен простор кој ги спојува потребите на граѓаните со визијата за модерен град.

Напредокот на проектот можете да го следните на линкот: https://proekti.gov.mk/project-details.nspx?projectId=d640b732-011d-489a-9b68-8cc41a972168

Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина.

#ПроектиЗаТрајнаПромена #СигурнаИднина #МакедонијаСеРазвива


Извор: Општина Неготино