Неготино (Вести): Се одбележаа 6 години поддршка од Европската унија за општините во Македонија29/04/2026|Новости|adminГрадоначалничката на општина Неготино Марија Нацева…Read More→Се одбележаа 6 години поддршка од Европската унија за општините во Македонија

објавено во Општински вести | 0
Неготино (Вести): Се одбележаа 6 години поддршка од Европската унија за општините во Македонија29/04/2026|Новости|adminГрадоначалничката на општина Неготино Марија Нацева...Read More→Се одбележаа 6 години поддршка од Европската унија за општините во Македонија

29/04/2026|Новости|admin

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева присуствуваше на настан посветен на одбележување на постигнувањата од страна на општините и планските региони во Македонија како учесници во програмата финансирана од Европската унија преку проектот ,, ЕУ за општините “.

На настанот присуствуваа претставници од општините, планските региони, министри во Владата, меѓународни партнери кои го поддржуваат локалниот развој, како и претставници на Делегацијата на Европската унија во нашата држава и други донатори.

Со овој настан се одбележаа 6 години континуирана поддршка од Европската унија за општините преку програмата ,, ЕУ за општините ” – период во кој беа постигнати значајни резултати во зајакнувањето на институционалните капацитети, унапредувањето на локалните услуги и продлабочување на меѓуопштинската соработка на национално ниво.


Извор: Општина Неготино