Неготино (Вести): Реализирана акција за пошумување во Општина Неготино04/03/2026|Новости|adminВо периодот од 23.02.2026 до 02.03.2026 година, Оделението за…Read More→Реализирана акција за пошумување во Општина Неготино

објавено во Општински вести | 0
Неготино (Вести): Реализирана акција за пошумување во Општина Неготино04/03/2026|Новости|adminВо периодот од 23.02.2026 до 02.03.2026 година, Оделението за...Read More→Реализирана акција за пошумување во Општина Неготино

04/03/2026|Новости|admin

Во периодот од 23.02.2026 до 02.03.2026 година, Оделението за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Неготино, во соработка со ЈП „Комуналец“ Неготино, спроведе акција за пошумување на повеќе локации во општината.

Во рамки на акцијата беа засадени околу 150 садници (донација) декоративни зимзелени видови и тоа: Туја смарагд, Златна туја округла, Елки и Кедар, со што се даде значаен придонес кон унапредување на зелените површини и подобрување на квалитетот на животната средина.

Садниците се засадени на следните локации:

Влез на општината – под Макпетрол

Парк кај Саат кула с.

с.Тимјаник – парк во центарот

Со оваа активност Општина Неготино продолжува со заложбите за зголемување на зелените површини, разубавување на јавниот простор и создавање поздрава и поодржлива животна средина за сите граѓани.


Извор: Општина Неготино