22/01/2026|Новости|admin
Со огромно задоволство го потпишав Меморандумот за соработка помеѓу Општина Неготино и Доброволното противпожарно друштво (ДПД) „Повардарец“ од Неготино.Овој документ е потврда на нашата заедничка заложба за унапредување на безбедноста на сите граѓани и заштита на животната средина.
Преку ова партнерство се обврзуваме на:• Заеднички проекти за поголема противпожарна заштита на територијата на општината.• Едукација и тренинзи за превенција од пожари.• Модернизација и воведување нови технологии во работата на доброволните пожарникари.• Подигнување на јавната свест кај граѓаните за заштита на природата.
Нашите доброволни пожарникари се вистински херои и симбол на солидарност. Општина Неготино продолжува да биде заедница на совесни граѓани кои градат хармонија помеѓу човекот и природата.
Извор: Општина Неготино