Неготино (Вести): Посета на институциите што се грижат за безбедноста и здравјето на граѓаните02/01/2026|Новости|adminВо пресрет на преминот од 2025 во 2026 година,…Read More→Посета на институциите што се грижат за безбедноста и здравјето на граѓаните

објавено во Општински вести | 0
Неготино (Вести): Посета на институциите што се грижат за безбедноста и здравјето на граѓаните02/01/2026|Новости|adminВо пресрет на преминот од 2025 во 2026 година,...Read More→Посета на институциите што се грижат за безбедноста и здравјето на граѓаните

02/01/2026|Новости|admin

Во пресрет на преминот од 2025 во 2026 година, градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева оствари работна посета на институциите и установите кои се грижеа за здравјето и безбедноста на граѓаните на општината за време на прославата по повод дочекот на Новата година во домовите, на градскиот плоштад, во угостителски објект и на други места.

Градоначалничката Нацева беше во посета на ОВР Неготино, ТППЕ Неготино и Здравствениот дом при што оствари средби со лицата кои за време на новогодишната ноќ беа на своите работни места, заблагодарувајќи им се што секогаш се на висината на обврските и задачите.

На сите им посака и среќни Новогодишни и Божикни празници.


Извор: Општина Неготино