Неготино (Вести): Неготинските матуранти на плоштадот го одиграа традиционалниот матурски танц20/05/2026|Новости|adminДенес точно напладне на градскиот плоштад дел од…Read More→Неготинските матуранти на плоштадот го одиграа традиционалниот матурски танц

објавено во Општински вести | 0
Неготино (Вести): Неготинските матуранти на плоштадот го одиграа традиционалниот матурски танц20/05/2026|Новости|adminДенес точно напладне на градскиот плоштад дел од...Read More→Неготинските матуранти на плоштадот го одиграа традиционалниот матурски танц

20/05/2026|Новости|admin

Денес точно напладне на градскиот плоштад дел од матурантите од СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ од Неготино го одиграа традиционалниот матурски танц.

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева на сите матуранти – млади луѓе полни со позитивна енергија подготвени да зачекорат кон нови почетоци и предизвици кои ги очекуваат во наредниот период им го честиташе матурирањето и влегувањето во светот на возрасните, со желби за добро здравје и среќа во животот, како и успех на личен и професионален план.

Притоа, градоначалничката Нацева го изрази  убедувањето дека најголемиот дел од матурантите ќе го продолжат сопственото образование на една од високообразовните установи во Република Македонија и на тој начин ќе создадат предуслови за надградба на знаењата кои несомнено ќе им бидат од голема корист при реализирањето на идните работни и животни кариери.

Честитки до матурантите упати и директорката на СОУ „Св. Кирил и Метиодиј “ Сузана Стоева.


Извор: Општина Неготино