Неготино (Вести): На градскиот плоштад во Неготино се одржа Велигденски концерт11/04/2026|Новости|adminСо цел за збогатување на културно – забавниот живот во…Read More→На градскиот плоштад во Неготино се одржа Велигденски концерт

објавено во Општински вести | 0
11/04/2026|Новости|admin

Со цел за збогатување на културно – забавниот живот во нашиот град во организација на општина Неготино и Основното општинско музичко училиште ,, Владимир Арсовски ” денеска на Велики петок се одржа Велигденски концерт.

Концертот се одржа на градскиот плоштад во Неготино и на истиот настапија околу 90 ученици кои посетуваат настава во музичкото училиште и кои пред присутните се претставија со 10-тина музички нумери во кои уживаа повеќе генерации посетители.

Велигденскиот концерт беше збогатен и со настап со 2 точки на играорците од Фолклорниот ансамбл ,, Ацо Ѓорчев ” од нашиот град.


Извор: Општина Неготино