Неготино (Вести): Градоначалничката Нацева со честитка по повод Денот на крводарителството17/03/2026|Новости|adminГрадоначалничката на општина Неготино Марија Нацева на…Read More→Градоначалничката Нацева со честитка по повод Денот на крводарителството

објавено во Општински вести | 0
17/03/2026|Новости|admin

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева на сите крводарители од нашата општина и Република Македонија и членови на Црвениот крст им го честита 17-ти март – Денот на крводарителството и Денот на Црвениот крст.

Крводарителството се темели на принципите на доброволност и солидарност, а 17-ти март е денот кога се потсетуваме што значи крводарителството и како тој хуман гест спасува илјадници животи.

А токму крводарителите се тие кои се секогаш подготвени, во редовни или вонредни околности, да одговарат на повикот за дарување на крв и со тоа да придонесат за потенцијално спасување на живот.

Во изминатите години општина Неготино имаше континуирана и плодна соработка со ОО Црвен крст која ќе продолжи и во годините пред нас.


Извор: Општина Неготино