Неготино (Вести): Во Неготино се одржа трибина ,, Гласот што го слушаме – македонско најдобро “23/03/2026|Новости|adminВо рамките на спроведувањето на кампањата ,, Гласот што го…Read More→Во Неготино се одржа трибина ,, Гласот што го слушаме – македонско најдобро “

објавено во Општински вести | 0
23/03/2026|Новости|admin

Во рамките на спроведувањето на кампањата ,, Гласот што го слушаме – македонско најдобро ” во работна посета на општина Неготино престојуваше министерот за земјоделство Цветан Трипуновски кој беше придружуван од претставници на Државниот инспекторат за земјоделство, Водостопанство, ЈП Национални шуми, Агенцијата за храна и ветеринарство и други.

Според министерот Трипуновски, целта на овие трибини кои ги организираат Министерството за земјоделство и Владата на Република Македонија е да се слушнат ставовите и мислењата на земјоделците, да се отвори дискусија за актуелните предизвици со кои се соочуваат земјоделците, како и да се презентираат досега преземените политики и мерки во секторот.

Овој вид на комуникација, според министерот Трипуновски, е со цел надлежните постојано да бидат присутни помеѓу земјоделците, да се слушнат нивните пофалби, критики и забелешки, при што се создаваат услови за најдиректно решавање на потенцијалните проблеми на производителите.

Од трибината беше порачано дека за Владата секој земјоделец е важен и токму затоа секој производител ќе добие соодветно внимание.


Извор: Општина Неготино