Неготино (Вести): Во Неготино презентиран Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година25/06/2026|Новости|admin10.000 евра за самовработување на млади до 29 години, 7.000 евра за…Read More→Во Неготино презентиран Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година

објавено во Општински вести | 0
25/06/2026|Новости|admin

10.000 евра за самовработување на млади до 29 години, 7.000 евра за повозрасни и до 20.000 евра финансиска поддршка доколку станува збор за здружување на корисници во ДОО, е висината на средствата кои ќе ги добијат заинтересираните невработени лица по објавениот Јавен оглас за самовработување, а во рамките на Оперативниот план за активните мерки и програми за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година.

Ова беше истакнато на денешната информативна средба во Неготино на која претставници на Министерството за економија и Агенцијата за вработување пред заинтересираните невработени лица од општините Неготино, Д.Капија, Росоман и Градско презентираа детали од Програмата чија цел е да се поттикне претприемништвото, отворањето нови бизниси и работни места преку неповратна финансиска поддршка.

Програмата не нуди само финансиска помош, туку и задолжителна обука и развој на бизнис вештини, изработка на бизнис план, поддршка при регистрација на фирма, како и менторска поддршка по започнувањето на бизнисот.

Огласите траат до 3-ти  јули, а сите заинтересирани подетални информации можат да добијат во Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на РМ.


Извор: Општина Неготино