Македонски Брод (Новости): Манифестација „Поречки културни средби“…

објавено во Општински вести | 0
Здружението на граѓани „Поречки средби“,на 13 јуни 2026 година, во сабота,со почеток во 10:30 часот организира 18-та по ред манифестација „Поречки културни средби“.

Поводот за организирање на оваа манифестација е одбележување на 10-ти јуни – Ден на културата во Република Македонија.

Настанот ќе се одржи под дебелите сенки крај ресторанот Извор, во село Манастирец.

Играорци, песнопојци, инструменталисти и млади поети се дел од програмата. За сите гости предвиден е ручек – војничко гравче.

Воедно ОО Црвен крст – Кичевоорганизира крводарителска акцијакоја ќе се одржи воЗдравствениот дом во с.Манастирец.

Повелете на едно незаборавно доживување во нашето прекрасно Поречие.


Извор: Општина Македонски брод