Македонски Брод (Новости): Бесплатен јавен Wi-Fi достапен во општина Македонски Брод…

објавено во Општински вести | 0
Македонски Брод (Новости): Бесплатен јавен Wi-Fi достапен во општина Македонски Брод...

Граѓаните и посетителите од сега можат да се поврзат на бесплатен јавен Wi-Fi на спортските терени во близина на СОУ „Св.Наум Охридски“. Интернетот е достапен и во непосредна близина на спортските терени односно на улица Партизанска.

Wi-Fi мрежата е поставена во рамки на иницијативатаWiFi4WB, финансирана одЕвропската УнијаиВладата на Сојузна Република Германија, а се спроведува одGIZкако дел од проектотEU4Digital.

Целта на иницијативата е да се овозможи бесплатен јавен интернет низ Северна Македонија и Западен Балкан.Нашата општина ќе биде една од 500 во регионоткои ќе добијат WiFi4WB мрежа, по примерот на ЕU програмата WiFi4EU, која обезбеди бесплатен јавен интернет на7000 локации низ Европската Унија.

Сите граѓани и посетители можат да се поврзат бесплатно и да користат сигурна интернет врска

Со оваа поддршка,општина Македонски Брод продолжува да ги унапредува јавните услуги и да ја зајакнува дигиталната поврзаност на локалната заедница.


Извор: Општина Македонски брод