Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на Р.М.” бр.5/2002 и „Службен весник на РСМ“ бр. 202/24) и Програмата за социјални услуги на Општина Македонска Каменица – Македонска Каменица за 2026 година („Службен гласник на Општина Македонска Каменица“ бр.6) Општина Македонска Каменица објавува
Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2026 година, ќе се врши во согласност со Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување финансиски средства за социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Македонска Каменица и врз основа на критериумите што се наведени во овој повик.
Средствата од Буџетот на Општина Македонска Каменица ќе се користат за финансирање социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Македонска Каменица за следниве приоритетни услуги, утврдени во Програмата за социјален сервис на Општина Македонска Каменица за 2026 година:
Услуга:Помош и нега во домот
За финансирање на понудените социјални услуги, во согласност со овој Јавен повик, ќе се користат средства од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2026 година. Исплатата ќе се врши со потпишување на договор и поднесено барање за исплата.
Апликантите – даватели на социјални услуги, на кои ќе им бидат доделени средства во согласност со Правилникот за постапката и начинот на распределба на финансиски средства од Програмата социјален сервис на Општина Македонска Каменица за 2026 година, По завршување на активностите имаат обврска да достават Извештај за користењето на средствата до Комисија за доделување финансиски средства за социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Македонска Каменица.
Право на учество во Јавниот повик ќе имаат здруженијата – даватели на социјални услуги со седиште на територијата на Општина Македонска Каменица како матична општина каде што физички ќе се реализира проектот, а кои ги исполнуваат следниве критериуми:
Здруженијата -даватели на социјални услуги што учествуваат во Јавниот повик треба да достават:
Напомена:Пријавитесо нецелосна документација или пријавите што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.
Рок за поднесување напријавитее7 (седум) денаод денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Македонска Каменица.
Пријаватасо целокупната документација може да се достави во Архивата на Општина Македонска Каменица од 9.00 до 15.00 часот.
Здруженијата учесници во Јавниот повик ќе бидат известени за резултатите за распределбата на средства од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2026 година за финансирање за социјални услуги и сервиси за граѓаните.
Општина Македонска КаменицаГрадоначалникСоња Стаменкова
Извор: Општина Македонска каменица