Македонска Каменица (Соопштенија): Соопштение: Во ноќта помеѓу 15 и 16 јули ќе се спроведе третото терестрично прскање против комарци

објавено во Општински вести | 0
Македонска Каменица (Соопштенија): Соопштение: Во ноќта помеѓу 15 и 16 јули ќе се спроведе третото терестрично прскање против комарци

Општина Македонска Каменица ги известува граѓаните дека во ноќта помеѓу15 и 16 јули 2026 година, во периодот од22:00 до 02:00 часот, ќе се спроведетретото терестрично прскање против комарцина подрачјето на Општина Македонска Каменица.

Третманот ќе се изврши на површина од200 хектари, согласно Договорот за јавна набавка за терестрична апликација за уништување на возрасни комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција).

Активностите ќе ги реализираЈЗУ Центар за јавно здравје – Кочани, со употреба на соодветен инсектицид одобрен за оваа намена.

Се апелира до сите пчелари на подрачјето на Општина Македонска Каменица навремено да ги преземат потребните заштитни мерки за заштита на пчелните семејства за време на третманот и непосредно по неговото завршување.

Доколку временските услови не дозволуваат реализација на активностите, прскањето ќе биде одложено и ќе се изврши во првиот нареден ден со поволни временски услови.

Општина Македонска Каменица продолжува со спроведување на редовни мерки за контрола на популацијата на комарците, со цел заштита на јавното здравје и обезбедување подобри услови за живот на граѓаните.


Извор: Општина Македонска каменица