Денес во Општина Македонска Каменица беа потпишани договорите за доделување стипендии на талентирани ученици од основното и средното образование, согласно претходно донесената одлука и спроведената постапка.
Стипендиите се доделуваат во траење од 10 месеци и претставуваат конкретна финансиска и институционална поддршка за учениците кои постигнуваат високи резултати и се истакнуваат со својата посветеност.
На средбата со присутните стипендисти и родители на стипендисти се разговараше околу висината на стипендиите и Правилникот за доделување стипендии, при што беше нагласена определбата за транспарентност и континуирано вложување во младите.
Општина Македонска Каменица останува посветена на создавање услови за развој на младите и унапредување на образованието како еден од клучните приоритети.
This slideshow requires JavaScript.
Извор: Општина Македонска каменица