Македонска Каменица (Соопштенија): Консултативен процес за нацрт – извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион

објавено во Општински вести | 0
Се известува засегнатата јавност дека на веб-страницата на  Центарот за развој на Источен плански регион, е објавенНацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион, изработен во рамки на проектот„Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“ (NEAR/SKP/2022/EA-RP/0137), финансиран од Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

Документот е достапен на следниот линк:

Јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион

По Нацрт-извештајот, сите заинтересирани лица можат да доставуваат забелешки и коментари најдоцна до26.06.2026 годинана следните електронски адреси:

eastregion@eastregion.mk

trajce.zdravkov@eastregion.mk

Воедно, Ве информираме дека Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион е достапен и во печатена форма во просториите наЦентарот за развој на Источен плански регион – Штип, на адреса:

ул. „Ванчо Прке“ бр. 119, 2 кат, 2000 Штип.

Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани, институции и правни субјекти да се запознаат со содржината на документот и да го искористат правото за доставување свои мислења, предлози и забелешки.


Извор: Општина Македонска каменица