Ве известуваме декаод понеделник, 29 јуни, Општина Македонска Каменица ќе започне со спроведување напроценка и репроценка на недвижниот имотна целата територија на општината, согласно одредбите од Законот за даноците на имот и законските надлежности на општините.
Заради ажурирање на евиденцијата и утврдување на фактичката состојба, ги замолуваме граѓаните и правните лица да ги подготват имотните листови и останатата документација за недвижностите со кои располагаат, доколку истата биде побарана од овластените лица.
Воедно, ги повикуваме сите даночни обврзници кои имаат неподмирени обврски по основ на данок на имот да ги подмират во најкраток можен рок. Во спротивно, Општината ќе биде принудена да ги преземе сите законски мерки за наплата на побарувањата, вклучително и постапки кои можат да предизвикаат дополнителни трошоци за должниците.
Целта на постапката е обезбедување точна и ажурирана даночна евиденција, зголемување на даночната дисциплина и еднаков третман на сите даночни обврзници на територијата на Општина Македонска Каменица.
Ви благодариме за соработката.
Општина Македонска Каменица
Извор: Општина Македонска каменица
