Во oснова на член на 36 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/2002 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.84/2020 и 202/2024), член 20 од Статутот на Општина М.Каменица („Службен гласник на Oпштина М.Каменица“ бр.20/19, 38/20 и 33/24), а во врска со член 17-а став 2 и член 26 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Р.М.бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22, 274/22, 208/24 и 193/25), Советот на општина Македонска Каменица на 4таседница одржана на ден 29.12.2025 година, во својство на основач на претпријатието, објавува:
Кандидатот за член на надзорниот одбор мора да ги исполнува следниве услови:
Освен овие услови, членовите на надзорниот одбор во јавното претпријатие треба да имаат и содветно работно искуство и тоа:
Надзорниот одбор се состои од три члена.
Времетраење на мандатот на членовите на надзорниот одбор на јавното претпријатие изнесува четири години, со право на уште еден последователен мандат.
Се повикуваат кандидатите што ги исполнуваат наведените услови, законски потребни документи (уверение за државјанство на Република Северна Македонија, уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование, потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, потврда за евидентиран стаж од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, кратка биографија, сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон) да ги достават во затворен плик со назнака „НЕ ОТВОРАЈ – ЗА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЧЛЕН НА НАДЗОРЕН ОДБОР ВО ЈП „ДОМИНГ,, во Архивата на Општина Македонска Каменица или по пошта во рок од 5 дена од објавувањето на овој повик.
Комисијата за селекција за проверка на податоци по јавниот повик, по пат на административна селекција и интервју, подготвува и доставува предлог листа од најдобро рангираните кандидати до Советот на општина Македонска Каменица.
Советот на општина Македонска Каменица, во рок од 15 дена од доставувањето на предлогот, ќе изврши соодветен избор од предложените кандидати и ќе донесе одлука за именување на членови на Надзорен одбор во ЈП ,,Доминг” Македонска Каменица.
Јавниот повик ќе биде објавен на веб-страната на општина Македонска Каменица, огласната табла на општина Македонска Каменица и веб-страната на ЈП ,,Доминг” Македонска Каменица.
Совет на општина М.КаменицаПретседателЗлате Алексовски
Извор: Општина Македонска каменица