Македонска Каменица (Настани): ЈАВЕН КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ДИРЕКТОР НА ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ „КАМЕНА РЕКА“ МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

објавено во Општински вести | 0
Македонска Каменица (Настани): ЈАВЕН КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ДИРЕКТОР НА ЈАВНО  ПРЕТПРИЈАТИЕ „КАМЕНА РЕКА“ МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Врз основа на член 50 став 1 точка 9 од Законот за Локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), член 49 од Статутот на Општина Македонска Каменица (Службен гласник на Општина Македонска Каменица бр.20/19, 38/20, 33/24), во врска со членовите 19-а и 23 став 4 алинеја 5 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22, 274/22, 208/24, 193/25 и 96/26) и Одлука за распишување на Јавен конкурс за избор на Директор бр.09-1238/1 од 15.05.2025 година, Градоначалникот на Општина Македонска Каменица  распишува:

за избор на Директор на Јавно  претпријатие „Камена Река“ Македонска Каменица

Градоначалникот на Општина Македонска Каменица распишува Јавен конкурс за избор на Директор на Јавно  претпријатие „Камена Река“ Македонска Каменица, со мандат од 4 (четири) години.

Работното време е од 07:00 – 15:00 часот, од понеделник до петок, 40 работни часа во неделата.

Висината на паричниот износ на основна плата изнесува 54.995,00 денари.

Градоначалникот го задржува правото кандидатите со уредни пријави да ги интервјуира.

Градоначалникот на Општина Македонска Каменица во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на доставување на документацијата, донесува одлука за избор на Директор.

ГрадоначалникСоња Стаменкова


Извор: Општина Македонска каменица