Општина Македонска Каменица продолжува со подготовките за одбележување на Денот на дијаспората, кој годинава ќе се одржи на9 августна главната улица„Александар Македонски“, со нов, модерен и уникатен концепт на организација.
Настанот е посветен на нашите иселеници и на сите граѓани кои сакаат да бидат дел од едно поинакво летно доживување во срцето на градот.
Во музичкиот дел од програмата ќе настапатСофија Манева и К4 Бенд, кои ќе се погрижат за одлична атмосфера, а вечерта ќе заврши со настап на еден од најпопуларните македонски диџеи.
Комплетната програма ќе трае повеќе од шест часа и ќе опфати содржини за сите генерации, меѓу кои:
Целта на настанот е да се зајакнат врските со нашите иселеници, да се промовираат потенцијалите на општината и да се создаде простор за дружење, забава и заедништво.
Општина Македонска Каменица ги поканува сите граѓани и иселеници да бидат дел од Денот на дијаспората 2026 и заедно да создадеме незаборавни спомени.
Извор: Општина Македонска каменица