Македонска Каменица (Настани): Одлука за распишување на избор на Претседател и членови на Советот на МЗ Цера 1, МЗ Цера 2, МЗ Моштица 1, МЗ Моштица и МЗ Костин Дол

објавено во Општински вести | 0
Градоначалникот на Општина Македонска Каменица донесе одлука за распишување на избор на Претседател и членови на Советот на месните заедници.

Изборот ќе се спроведе според следниот распоред:

30.03.2026 годинаМЗ Цера 1– 18:00 часот, зграда на училиштето во с.Цера 1МЗ Цера 2– 19:00 часот, зграда на училиштето во с.Цера 2

01.04.2026 годинаМЗ Моштица 1– 18:00 часот, зграда на месна заедница во с.Моштица 1МЗ Моштица– 19:00 часот, зграда на училиштето во с.Моштица

02.04.2026 годинаМЗ Костин Дол– 18:00 часот, зграда на училиштето во с.Костин Дол

Во наредниот период ќе биде спроведен избор за претседател и членови на советите и во останатите месни заедници.


Извор: Општина Македонска каменица