Македонска Каменица (Настани): Одлука за распишување на избор на Претседател и членови на Советот на МЗ Саса 1 и МЗ Саса 2

објавено во Општински вести | 0
Градоначалникот на Општина Македонска Каменица донесе одлука за распишување избор на Претседател и членови на Советите на месните заедници.

Во рамки на тековниот процес, на 03.04.2026 година ќе се спроведе избор во следните месни заедници:

–МЗ Саса 1– 16:30 часот, зградата на училиштето во с. Саса 1–МЗ Саса 2– 17:30 часот, зградата на месната заедница во с. Саса 2

Изборот во месните заедници се спроведува согласно утврден распоред, а во наредниот период ќе бидат опфатени и преостанатите месни заедници на територијата на Општина Македонска Каменица.

Ги повикуваме граѓаните да земат активно учество и да дадат свој придонес во изборот на локалните претставници.


Извор: Општина Македонска каменица