Кривогаштани: Успех на нашите ученици е успех за целата општина

објавено во Општински вести | 0
Упатуваме искрени честитки до нашите успешни ученици и нивните ментори за постигнатите резултати на државните натпревари!

Честитки до ученичкатаАна Миличевиќза освоеното трето место на Државниот натпревар по географија, под менторство на наставникотОливер Конески.

Честитки и до ученичкатаЛеонтина Коркосказа освоената втора награда на Државниот натпревар по биологија, како и до нејзиниот ментор м-рМенде Станојоски.

Овие успеси се резултат на посветена работа и истрајност.Општина Кривогаштани им честита за постигнатите резултати и за достојното претставување на општината на државно ниво.


Извор: Општина Кривогаштани