Градоначалникот на Општина Кривогаштани – Игор Каравилоски им додели награди и признанија на првенците на генерација од основните училишта во Општина Кривогаштани:
Ана Цветкоска од ООУ „Манчу Матак“ – Кривогаштани и
Михаела Маџароска од ООУ „Јонче Смугрески“ – Обршани.
Со своето знаење, посветеност и истрајност, тие покажаа дека трудот секогаш носи резултати. Нивните достигнувања се пример за сите ученици и поттик да продолжат да ги следат своите соништа со истата енергија и решителност.
Градоначалникот им упати искрени честитки за овој значаен успех, како и благодарност до нивните наставници и родители кои несебично ги поддржувале на патот до ова признание.
Општина Кривогаштани ќе продолжи да ги поддржува младите, талентирани и успешни ученици, бидејќи тие се нашата најдобра инвестиција и нашата иднина.
Извор: Општина Кривогаштани