Кривогаштани: Увид во тековните градежни активности во Кривогаштани

објавено во Општински вести | 0
Денес заедно со дел од општинската администрација и претставници на изведувачот „Јоскатранс – Трејд“ од Демир Хисар, извршивме теренски увид во тековните градежни активности.

Станува збор за реконструкција на дел од улицата „Гоце Делчев“ (крак 1, крак 2 и крак 3), проект со вкупна вредност од 4.933.844 денари со вклучен ДДВ. Во рамки на овој зафат опфатен е дел и од улицата „Австриска“ во населеното место Кривогаштани.

Паралелно, се реализира и проектот за реконструкцијата на улицата „Браќа Моцаноски“ (крак 1, крак 2 и крак 3), со вкупна вредност од 2.357.601 денари со вклучен ДДВ. Дел од улиците веќе се тампонирани и подготвени за асфалтирање.

Овие инфраструктурни зафати имаат за цел значително подобрување на патната мрежа, унапредување на условите за живот на граѓаните, како и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Реализацијата на проекти за подобрување на патната инфраструктура во повеќе населени места во општината ќе се интензивира во наредниот период, во согласност со планираната динамика, при што подеднакво ќе се инвестира во сите населени места во нашата општина.


Извор: Општина Кривогаштани