Денес на средба со градоначалникот на Општина Кривогаштани присуствуваа претставници од SALAR International и соработници од Шведска. На средбата се разговараше за предизвиците во заштитата на животната средина, особено во делот на управување со отпад, по одржувањето на Регионалниот форум „Заедно за регион без отпад“.
Форумот се одржа во клучен период за реформите во Пелагонискиот и Југозападниот регион, во рамки на проект финансиран од Шведска и имплементиран од SALAR International, во соработка со надлежните институции и ЗЕЛС.
Како значајни резултати се издвојуваат формирањето на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад и напредокот во локалните акциски планови (32% реализирани, 45% во тек). Зголемената координација и поддршката од меѓународните партнери создаваат основа за понатамошни реформи и одржлив систем за управување со отпад.
Извор: Општина Кривогаштани
