Кривогаштани: Спортски настан по повод ,,Меѓународен ден на лицата со ретки болести”

објавено во Општински вести | 0
Денес, по поводСветскиот ден за ретки болести, се одржа спортски настан со кој заеднички испративме порака за поддршка, солидарност и подигнување на свеста.

Во спортска и пријателска атмосфера се одигра натпревар во одбојка во мали групи помеѓу учениците од ООУ Манчу Матак – Кривогаштани и ООУ Јонче Смугрески – Обршани. Учениците покажаа одличен тимски дух, фер-плеј и голема енергија, докажувајќи дека спортот обединува и носи позитивни вредности.

Настанот се реализираше во заедничка организација наЛАГ Агро Лидер,Здружение Центар за развој и едукација- ПрилепиУрбано Гнездо – Кривогаштанисо цел преку спорт и заедништво да се испрати силна порака за поддршка на лицата со ретки болести и нивните семејства.

Со овој настан симболично го обележавме денот, испраќајќи порака дека лицата со ретки болести не се сами и дека заедницата стои зад нив. На двете училишта им беа доделени одбојкарски топки како донација, како и благодарници за учеството и поддршката.


Извор: Општина Кривогаштани