Вчера (24.05) во Мултимедијалниот центар во Кривогаштани беше отворена изложбата „Слики што раскажуваат вистински и искрени приказни“, посветена на нашиот сограѓанин фотографот Богоја Бојчески, човекот кој со децении го бележеше секојдневието и духот на нашето Кривогаштани.
Оваа изложба не е само поставка на фотографии, туку живо сведоштво за едно време, за нашите корени и животни приказни. Таа претставува мост помеѓу минатото, сегашноста и потсетник дека спомените имаат непроценлива вредност кога се сочувани низ објективот на еден искрен хроничар.
Благодарност до сите организатори, соработници, љубители на фотографијата и граѓани кои со своето присуство покажаа дека Кривогаштани знае да ги почитува луѓето кои оставиле трајна вредност зад себе.
Општина Кривогаштани има историја што вреди да се памети, а Богоја Бојчески ни помогна таа историја да остане засекогаш зачувана.
Изложбата ќе биде отворена до 3 јуни и може да се посети секој ден од 10:00 до 12:00 часот.
Извор: Општина Кривогаштани