Кривогаштани: Започна реализацијата на проектот за реконструкција на дел од улицата „Методија Патчев“ во Боротино, до црквата „Св. Марина“

објавено во Општински вести | 0
Од денес започнаа градежните активности за реконструкција на дел од улицата „Методија Патчев“ во должина од 188,5 метри, проект кој ќе придонесе за подобрување на локалната патна инфраструктура и полесен пристап на граѓаните до црквата „Св.Марина“ во Боротино.

Вкупната вредност на проектот изнесува 1.736.451 денари со ДДВ, а средствата се обезбедени преку Министерството за транспорт, согласно Програмата за капитални дотации за единиците на локалната самоуправа.


Извор: Општина Кривогаштани