По одложувањето на дератизацијата и дезинсекцијата, ве известуваме дека истите ќе бидат спроведени вечерва, согласно предвидениот план.
Ги замолуваме граѓаните да ги почитуваат препораките за време на изведувањето на активностите.
Врз основа на одлуката на ЕЛС- Кривогаштани за спроведување на превентивна систематска дезинсекција, се информира населението дека на ден15.06.2026 год.во периодот од 22:00 до 04:00 часотна територијата нa Општина Кривогаштани екипа од Центарот за јавно здравје- Прилеп ќе спроведува адултицидна теристична (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарци.
Дезинсекцијата ќе се изведува со УЛВ-апаратура за ладно замаглување поставена на пикап возило со претходница на друго возило означено со ротационо светло. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени следните населени места и локации:
Н.м-Врбјани, Н.м-Годивље, Н.м-Крушеани, Н.м-Обршани, Н.м-Бела Црква, Н.м-Пашино Рувци, Н.м-Воѓани, Н.м-Кореница, Н.м-Боротино, Н.м-Славеј, Н.м-Кривогаштани,Н.м-Подвис, Депонија, Блато река, Пречистителна станица, Пилана, Резервоар, попатни канали и шамаци и места со стоечки води.
Со цел избегнување на евентуални несакани последици се информираат пчеларите да превземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства.
Доколку граѓаните не се придржуваат на горенаведените превентивни мерки ЦЈЗ-Прилеп се оградува од секаква одговорност од појава на несакани последици.
Извор: Општина Кривогаштани