Кривогаштани: Денот на пожарникарите

објавено во Општински вести | 0
По повод Денот на пожарникарите, денес градоначалникот на Општина Кривогаштани – Игор Каравилоски оствари средба со припадниците на ТППЕ Кривогаштани.

Градоначалникот изрази искрена благодарност за нивната пожртвуваност, храброст и секојдневна подготвеност да им помогнат на граѓаните во најтешките моменти. Нивната работа е од огромно значење за безбедноста на целата заедница.

Во име Општина Кривогаштани на сите пожарникари им го честитаме нивниот празник, со желби за што помалку интервенции, а што повеќе мирни и безбедни денови!


Извор: Општина Кривогаштани