Градоначалникот на Општина Кривогаштани денес испрати отворено писмо до министерот за транспорт и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, со кое побараитно преземање мерки за подобрување на состојбата на регионалните патишта Р2335 (Кривогаштани – Обршани – Воѓани) и Р2339 (Ново Лагово – Граиште).
Во дописот е нагласена потребата од санација на банкините на овие патни правци, како и обезбедување финансиски средства во Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2027 година за нивно проширување и модернизација.
Општина Кривогаштани континуирано се залага за подобрување на патната инфраструктура, имајќи предвид дека безбедните и современи патишта претставуваат основа за развој на земјоделството, локалната економија и за унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани.
Општината очекува надлежните институции да го разгледаат барањето и да преземат соодветни активности за решавање на долгогодишните инфраструктурни потреби на овој регион.
Извор: Општина Кривогаштани