Сите заинтересирани правни и физички лица, потребно е да поднесат Барање до Одделение за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Крива Паланка, по што ќе биде одреден временскиот период на изнајмување на штандот/монтажно –демонтажниот објект, по претходно платена административна такса за поднесување на барањето, како и утврдена и платена комунална такса за користење на јавни површини и надоместок за закуп на јавен простор/објект. Корисникот на продажен штанд / монтажно –демонтажниот објект има обврска да ги плати режиските трошоци за електрична енергија за нормално функционирање на објектот, на начин кој ќе биде утврден во договорот за утврдување на условите за изнајмување и користење на продажен штанд, кој ќе биде склучен помеѓу општината и корисникот. До колку барањето се поднесува за изнајмување на продажен штанд за храна, во тој случај е потребно да се има во предвид Законот за безбедност на храната и да се постапува согласно на истиот.
Барателите можат да изнајмат продажен штанд/монтажно демонтажен објект за продажба на:
Поставените монтажно – демонтажни објекти, кои ќе бидат изнајмени од страна на правни и физички лица, ќе имаат можност да бидат со работно време од 10:00 до 22:00 часот, секој ден, во временскиот период од 16.06.2026 година до 31.08.2026 година.
Одредувањето на локацијата со продажен штанд ќе се спроведе по принципот „Прв дојден, прв услужен“
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКАОдделение за урбанизам изаштита на животната средина
Извор: Општина Крива паланка
