Крива Паланка (Соопштенија): Известување за привремена забрана за одвивање на сообраќајот на дел од ширината на една коловозна лента на…

објавено во Општински вести | 0
Крива Паланка (Соопштенија): Известување за привремена забрана за одвивање на сообраќајот  на дел од ширината на една коловозна лента на...

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (службен весник на РМ бр. 5/02), член 23 од Статутот на општина Крива Паланка  (службен гласник на општина Крива Паланка бр. 8/10, 8/14, 2/18 и 3/19), чл.51 од Законот за јавни патишта (службен весник на РМ бр. 84/08 и измените на истиот заклучно со 163/16), чл. 11 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (Службен весник на РМ бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и Сл.весник на РСМ 98/19, 98/19, 302/20, 122/21, 33/24 и 208/24 ), Градоначалникот на Општина Крива Паланка, донесе

Р Е Ш Е Н И ЕЗа привремена забрана за одвивање на сообраќајот  на дел од ширината на една коловозна лента на ул.„Св.Јоаким Осоговски“ на граница со КП 2975/1 (Стара Чаршија), почнувајки од 04.03.2026 год., од безбедносни причини

Поради опасност од паѓање на одредени оштетени делови од кровна конструкција, фасада  и балкон од стар индивидуален станбен објект кој се наоѓа на КП 2975/1 КО Крива Паланка на самиот тротоар и дел од едната коловозна лента, неопходно е ограничување на движењето од безбедносни причини.

Се молат граѓаните да имаат разбирање за настанатата ситуација и да ја почитуваат забраната и да не ја одстрануваат или поместуваат поставената сообраќајна сигнализација за ограничување на движењето.

За горедонесеното решение ќе бидат известени Министерството за внатрешни работи, како и граѓаните преку средствата за јавно информирање.

Ограничувањето на движењето ќе трае се до одстранување на опасноста за безбедно одвивање на сообраќајот.

Општина Крива ПаланкаГрадоначалникСашко Митовски


Извор: Општина Крива паланка