Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.05/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 6-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 20.02.2026 година (петок ) во 12,00 часот.
Усвојување на записник од 4 и 5 –та седница на совет
1. Информација за преземени мерки и активности во текот на 2025 година на ПС ОН Крива Паланка2. Предлог-Одлука за измена на одлуката за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2026 година3. Предлог-Одлука за определување на максимален број на субвенции и максимален износ на средства за доделување на поединечна субвенција за млади невработени лица жители на Општина Крива Паланка за купување на дигитален уред за 2026 година4. Предлог – Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по програмата за еднакви можности на жените и мажите за 2025 година на Општина Крива Паланка5. Предлог- Одлука за усвојување на Извештај за реализирани активности по Програмата за локален економски развој за 2025 година6. Предлог-Одлука за усвојување на Извештајат за реализирани активности по програмата на Општина Крива Паланка од областа на соработка со здруженија на граѓани и фондации во 2025 година7. Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализирани активности по Програмата за млади на Општина Крива Паланка во 2025 година;8. Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализирани активности на Локален младински совет на Општина Крива Паланка за 2025година;9. Предлог –Одлука за усвојување на Извeштај за реализирани активности по Програмата на Општина Крива Паланка во областа на спорт за 2025 година ;10. Предлог – Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за социјална, детска и здраствена заштита за 2025 година;11. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства на Општинска организација Црвен Крст-Крива Паланка за реализација на програмска активност„Обезбедување на потребни реквизити за социјална услуга-помош и нега во домот за стари и изнемоштени лица со цел подобрување на квалитетот на нивниот живот “12. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства на Општинска организација Црвен Крст-Крива Паланка за реализација на програмска активност„Поддршка на работата на Дневниот центар за стари лица со активно стареење, преку организирање на едукативни, културни и рекреативни активности насочени кон активно вклучување на лицата од оваа категорија“13. Предлог-Одлука за усвојување на Годишен извештај за реализирани активностите на Општина Крива Паланка во областа на ИКТ во 2025 година;14. Предлог-Одлука за усвојување на Извештај за реализирани активности по Програмата за култура за 2025 година;15. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Извештајот за работа на Фондацијата „ Со срце за Крива Паланка „ за 2025 година16. Предлог-Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за образование за 2025 година;17. Предлог-Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за уредување на градежно земјиште за 2025 година за Општина Крива Паланка;18. Предлог-Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за изградба, реконструкција и одржување на јавно осветлување за 2025 година за Општина Крива Паланка;19. Предлог – Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локална патна мрежа за 2025 година за Општина Крива Паланка;20. Предлог -Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програма за изградба,реконструкција и одржување на локална водоводна и канализациона мрежа во Општина Крива Паланка за 2025 година ;21. Предлог-Одлука за усвојување на Извештај за зимско одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта на Општина Крива Паланка за 2024/2025 година;22. Предлог-Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за јавна чистота во Крива Паланка за 2025 година ;23. Предлог-Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за подигање и одржување на урбано зеленило во Крива Паланка за 2025 година ;24. Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реалирани активности по Програма за уредување на сообраќајна сигнализација за 2025 на подрачјето на Општина Крива Паланка25. Предлог – Одлука за усвојување на извештајот за реализирани активности по Програмата за решавање на проблемот со кучиња скитници на подрачјето на Општина Крива Паланка за 2025 година;26. Предлог-Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за превентивна дезинсекција и дератизација во Општина Крива Паланка за 2025 година ;27. Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализирани активности по Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Крива Паланка за 2025 година ;28. Предлог-Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за животна средина на Општина Крива Паланка за 2025 година;29. Предлог-Одлука за усвојување на извештај по програмата за активности на Општина Крива Паланка за стручно усовршување на вработените и тим билдинг за 2025 година30. Предлог-Одлука за усвојување Извештај за рабтата на ТППЕ при Општина Крива паланка за 2025 година31. Предлог-Решение за формирање Комисија за спроведување на постапка за изборна членови на советите на месните самоуправи на подрачје наОпштина Крива Паланка32. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.2676 во КО Метежево, Општина Крива Паланка33. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 825 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка .34. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.2892 во КО Киселица, Општина Крива Паланка
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКАПретседател,Миле Трајковски , с.р.
Извор: Општина Крива паланка